Deprecated: mysql_connect(): The mysql extension is deprecated and will be removed in the future: use mysqli or PDO instead in /home/macedon/public_html/setings.php on line 8
 Информации за градот Кочани

За градот Кочани


Центарот на градот Кочани

Во текот на изминатите десетина години по распаѓањето на СФР Југославија и осасмостојувањето на Република Македонија како нова држава, бројката на невработени во Општина Кочани постојано расте. Со население од околу 50000 жители, повеќе од 12000 лица се невработени. Кочанци, лека-полека, како да се навикнаа на „Бавното умирање“ и така да последнот кочански гигант, металската индустирија АД „Руен“, се најде во стечај. Индустријата за автомобилски делови АД „Руен“ која вработуваше околу 1200 кочанци, беше последниот столб во кочанското стопанство, од каде плата чекаа огромен број семејства. Факт е сега дека стопанството во Општина Кочани се движи на „стаклени нозе“. Со исклучок на неколку ново основани приватни фирми, претежно од конфекциска дејност, со работа на лон-систем, останатите стопански субјекти во градот и општината, кои некогаш како општествени беа успешни и профитабилни, сега никаде ги нема. Во таква состојба беше своевремено гигантот автопревозништво АД „Атом“, потоа трговското претпријатие „Нова Трговија“ и Фабриката за хартија, која во моментот се наоѓа во статус-кво состојба. Во „Жито Ориз“ разврска се бара преку стечајна постапка, пат што веќе го поминаа останатите претпријатија од агрокомплексот ЗИК „Кочанско Поле“ и задругите „Галеб“, „Зрновка“ и „Моша Пијаде“, кои веќе се ликвидирани и продадени. Само мал дел од порано вработените останаа во работен однос додека другите се најдоа на улица или на Бирото за вработување.

Местоположбата на Кочани на картата на  Република Македонија

Местоположбата на Кочани на картата на Република Македонија