Цел на проектот
Македонија центар за развој е форум
каде млади луѓе од различна етничка и социјална припадност ќе имаат можност
да се запознаваат меѓусебно и да се стекнат со основното образование од
полето на Информатичката технологија. Поради големата стапка на невработеност
и нискиот животен стандард на населението, само поединци се во можност
да купат компјутер, и поради тоа новата технологија е недостапна за секого.
Македонија е многу поназад во користењето на новите технологии во државната
администрација и општеството во споредба со Европа. Се надеваме дека овој
проект ќе придонесе за развој во позитивен правец и ќе резултира во практична
употреба на информатичката технологија. Целта на овој проект е да се едуцираат
што повеќе млади луѓе на возраст од 13 до 30 години, во основите на компјутерите
и Интернет со надеж да се свати врската помеѓу образованието и промените
во општеството.
Центарот нуди Бесплатен Интернет Пристап на целната група.
Проектот се состои од:
Повеќе од 200 луѓе ќе бидат вклучени во проектот број 23 338 O како ученици.
Учениците ќе бидат едуцирани од форумот Македонија центар за развој во основите на компјутерите и Интернет како што е специфицирано подолу.
Почетен Курс, 10 часа - 35 Ученика:
- Основите на Хардверот (лекција 1);
- Основите на оперативниот систем Виндоус ХП(Windows XP) (лекција 2 и 3):
- Инсталација и подесување;
- Опции на дисплејот;
- Виндоус експлорер (Windows explorer);
- Микрософт ворд 2003 (MS Word 2003) (лекции 4 , 5 , 6 и 7):
- Инсталација и подесување;
- Користење на кодна страна (Македонски, Англиски);
- Ворд 2003 (Word 2003) Опции на менито (File, Edit, Format, Tools, Window, Help);
- Инсертирање на објекти, симболи и слики;
- Работа со табели во Ворд 2003 (MS Word 2003);
- Користње на менито за цртање;
- Интернет (лекции 8 , 9 и 10):
- Запознавање со Интернет;
- Пребарување низ Интернет и барање на одредена информација;
- Отварање на бесплатна емаил адреса (на www.yahoo.com) и запознавање со E-маил комуникацијата;
- Директна Интернет комуникација (аудио и видео) користејки го yahoo chat;
Почетен Опширен Курс, 20 часа - 56 Ученика:
- Основите на Хардверот (лекција 1 и 2);
- Основите на оперативниот систем Виндоус ХП(Windows XP) (лекција 3, 4 и 5):
- Инсталација и подесување;
- Опции на дисплејот;
- Виндоус експлорер, работа со документи и папки (Windows explorer);
- Микрософт ворд 2003 (MS Word 2003) (лекции 6 , 7 , 8 , 9 и 10):
- Инсталација и подесување;
- Користење на кодна страна (Македонски, Англиски);
- Ворд 2003 (Word 2003) Опции на менито (File, Edit, Format, Tools, Window, Help);
- Инсертирање на објекти, симболи и слики;
- Работа со табели во Ворд 2003 (MS Word 2003);
- Користње на менито за цртање;
- Микрософт Ексел 2003 (MS Excel 2003) (лекции 11 , 12 , 13 , 14 и 15):
- Инсталација и подесување;
- Користење на кодна страна (Македонски, Англиски);
- Ексел 2003 (Excel 2003) Опции на менито (File, Edit, Format, Tools, Window, Help);
- Инсертирање на објекти, симболи и слики;
- Работа со Формули;
- Работа со Графици ;
- Интернет (лекции 16 , 17, 18, 19 и 20):
- Запознавање со Интернет;
- Пребарување низ Интернет и барање на одредена информација;
- Отварање на бесплатна емаил адреса (на www.yahoo.com) и запознавање со E-маил комуникацијата;
- Директна Интернет комуникација (аудио и видео) користејки го yahoo chat;
Продолжен Курс, 10 часа - 70 Ученика:
- Микрософт ворд 2003 потсетување (MS Word 2003) (лекции 1 и 2):
- Инсталација и подесување;
- Користење на кодна страна (Македонски, Англиски);
- Ворд 2003 (Word 2003) Опции на менито (File, Edit, Format, Tools, Window, Help);
- Инсертирање на објекти, симболи и слики;
- Работа со табели во Ворд 2003 (MS Word 2003);
- Користње на менито за цртање;
- Микрософт Ексел 2003 (MS Excel 2003) (лекции 3 , 4 , 5, 6, 7 и 8):
- Инсталација и подесување;
- Користење на кодна страна (Македонски, Англиски);
- Ексел 2003 (Excel 2003) Опции на менито (File, Edit, Format, Tools, Window, Help);
- Инсертирање на објекти, симболи и слики;
- Работа со Формули;
- Работа со Графици ;
- Интернет, потсетување (лекции 9 и 10):
- Запознавање со Интернет;
- Пребарување низ Интернет и барање на одредена информација;
- Отварање на бесплатна емаил адреса (на www.yahoo.com) и запознавање со E-маил комуникацијата;
- Директна Интернет комуникација (аудио и видео) користејки го yahoo chat;
Почетен Курс веб дизајн, 20 часа - 14 Ученика:
- Основите на веб дизјанот (лекција 1, 2, 3, 4, 5 и 6);
- Запознавање со html
- Запознавање со CSS
- Запознавање со Java Script
- Фотошоп ЦС2, основна алатка (Photoshop CS2) (лекции 7, 8, 9 и 10):
- Инсталација и подесување;
- Фотошоп ЦС2 (Photoshop CS2) Опции на менито (File, Edit, Image, Layer, Select, Filter, View, Window, Help);
- Запознавање со работната околина;
- Основни алатки за работа со сликите;
- Експортирање слики спремни за користење во веб страните;
- Дримвејвер 8 (Dreamweaver 8) (лекции 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19 и 20):
- Инсталација и подесување;
- Дримвејвер 8 (Dreamweaver 8) Опции на менито (File, Edit, View, Insert, Modify, Text, Commands, Site, Window, Help);
- Запознавање со работната околина;
- Основни алатки за работа со html;
- Изработка на сопствена веб страна;
Почетен Курс Линукс Убунту (Linux Ubuntu), 20 часа - 28 Ученика:
- Запознавање со Линукс (лекција 1 и 2);
- Разлики помегу Windows и Linux;
- Предности и мани на Linux Ubuntu Live CD, Презентација;
- Работа со Линукс Убунту (Linux Ubuntu) (лекции 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10):
- Инсталација и подесување;
- Запознавање со работната околина;
- Опции на дисплејот;
- Запознавање со хиерархијата на фајл системот;
- Работа со папки и фајлови;
- OpenOffice Writer (лекции 11, 12, 13 и 14):
- Инсталација и подесување;
- Користење на кодна страна (Македонски, Англиски);
- OpenOffice Writer, Опции на менито (File, Edit, View, Insert, Format, Table, Tools, Window, Help);
- Инсертирање на објекти, симболи и слики;
- Работа со табели во OpenOffice Writer;
- Користње на менито за цртање;
- OpenOffice Calc лекции 15 , 16 , 17 и 18):
- Инсталација и подесување;
- Користење на кодна страна (Македонски, Англиски);
- OpenOffice Calc, Опции на менито (File, Edit, View, Insert, Format, Tools, Data, Window, Help);
- Инсертирање на објекти, симболи и слики;
- Работа со Формули;
- Работа со Графици ;
- Интернет (лекции 19 и 20):
- Користење на Mozilla Firefox;
- Користење на Mozilla Thudrebird;
- Директна Интернет комуникација (аудио и видео) користејки го Gaim;
Предмет на форумот Македонија центар
за развој се млади луѓе на возраст од 13 до 30 години, ученици, невработени
и вработени. Младите личности доаѓаат од различни етнички групи со различен
социјален статус, но со иста цел, да изградат нова и подобра иднина. Да
најдат работа и вработување е од основно значње за секого денес и затоа
образованието и знаењето за користење на новата технологијае многу важно.
При изборот на ученици, во предвид се земени следниве факти:
- Млади луѓе од различна етничка припадност, иднината на Македонија е мулти
етничко општество;
- Двата пола да бидат подеднакво опфатени, најмалку 50% од женски пол да бидат
вклучени;
- Невработени млади луѓе посебно да се земат во предвид поради фактите: висока
невработеност и социјалниот ризик во Македонија.
Поради ограничениот пристап до Интернет во Македонија, Центарот нуди Бесплатен Интернет Пристап на целната група во Кочани и неговата околина.