Целта на проектот е во согласност на преводот на описот на проектот.
Македонија центар за развој е форум каде млади луѓе од различна етничка и социјална припадност ќе имаат можност да се запознаваат меѓусебно и да се стекнат со основното образование од полето на Информатичката технологија. Поради големата стапка на невработеност и нискиот животен стандард на населението, само поединци се во можност да купат компјутер, и поради тоа новата технологија е недостапна за секого. Македонија е многу поназад во користењето на новите технологии во државната администрација и општеството во споредба со Европа. Се надеваме дека овој проект ќе придонесе за развој во позитивен правец и ќе резултира во практична употреба на информатичката технологија. Целта на овој проект е да се едуцираат што повеќе млади луѓе на возраст од 13 до 30 години, во основите на компјутерите и Интернет со надеж да се свати врската помеѓу образованието и промените во општеството.
Проектот се состои од:
Повеќе од 200 луѓе ќе бидат вклучени во проектот број 23 338 U. Учениците ќе бидат едуцирани од форумот Македонија центар за развој во основите на компјутерите и Интернет како што е специфицирано подолу.
Наставната програма се состои од :
За детален преглед на програмата симнете го
„Прирачникот за курсот по основите на Информатиката“ во PDF-формат
Course Manual.pdf
Предмет на форумот Македонија центар за развој се млади луѓе на возраст од 13 до 30 години, ученици, невработени и вработени. Младите личности доаѓаат од различни етнички групи со различен социјален статус, но со иста цел, да изградат нова и подобра иднина. Да најдат работа и вработување е од основно значње за секого денес и затоа образованието и знаењето за користење на новата технологијае многу важно.
При изборот на ученици, во предвид се земени следниве факти: