Информации за уметникот
Симeон Иванов - Канго - Уметник


Информации за уметникот Симeон Иванов - Канго - Уметник

Симeон Иванов - Канго - Уметник

  • Водач на Hard Rock Metal Band;
  • Поет, музичар, сликар;
  • Идеен и диховен творец на КРУНА „МАКТЕОН“ соборен храм на македонските реликвии, идентитет, народ, земја, државност и култура!

Роден е во Кочани 1951 година. Завршил Основно и Средно училиште како одличен ученик и има дипломирано на Правен факултет во Скопје. Со Rock & Roll се бави од детството и во 2005 година ќе прославува 40 годишен јубилеј. Во својата долга и бурна Рокенрол кариера сви речиси со сите музичари во својот град и пошироко. Свири во трочлена постава: Канго - соло гитара, вокал, композитор, текстописец, аранжер, организатор, продуцент и се друго, а другите 2 челена се бас гитара и тапани. Поради динамиката на живеењето членовите се менуваат, група „Канго“ функционира... Како резултат на праксата Канго веќе 20 години има своја школа на Рокери - „Канго Школа на Рокенрол“. Последната постава со која работи се: Дарко Минов - тапани и Горги - бас гитара. До сега има издадено:

  • 4 збирки поезија:
    • Воскреснување - 1988;
    • Вознесување - 1989;
    • Вдахновение - 1990;
    • Поемата Распетие - 1997;
  • Од музичко Рокенрол творештво 6 албуми
    • Воскреснување - 1991;
    • Вознесување - 1994;
    • Реинкарнација - 1995 (Компилација на најдоброто од Џими Хендиркс - 16 нумери во автентична изведба на Канго);
    • Вдаховение - 1996;
    • Проповеди - 1997;
    • Преобразби - 1998 (Компилација од најдоброто од Канго по повод 35 годишниот јубилеј бавење со Рокенролот);

Во својата богата музичка и уметничка кариера од 40 години има свирено во цела Македонија низ сите градови и села, на разновидни манифестации, прослави и фестивали. Како и надвор од Македонија и тоа:

  • Зајачарска Гитаријада 1994 и 2001 година;
  • Концерт во Белград и Нови Сад 2004 година;
  • Концерт во Виена 2004 година;

Има добиено значани признанија и награди за освоени први места и достигнувања во рокенрол музиката. Планов за наредната етапа се:

  • Излегување на 7 албум - Пророштва 2004 година;
  • Реиздавање на сите досегашни изданија на ЦД;
  • Компилација на ЦД Откровение
  • Промовирање по повод 40 години бавење со Рокенрол, и 35 години од смртта на Херојот на Гитарата Џими Хендрикс;
  • Турнеја низ Македонија 2004/05, низ Балканот, Европа и Светот...


Уметнички Дела:


Контакт адреса:

Симeон Иванов - Канго
Маршал Тито 45
2300 Кочани
Македонија
E-mail: kangorock@yahoo.com


 Врати се назад на листата со местни уметници Врати се назад на листата со местни уметници